Сончево до умерено облачно, утринските температури под нулата

Сподели со своите пријатели

Утринава во земјава времето е сончево и студено, а во југозападните делови со мала локална облачност. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. По одделни котлини и  долж Повардарието има магла и магла со намалена видливост, во Демир Капија видливоста е до 50 метри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево со мала облачност, вдолж Повардарието со умерен северозападен ветер.Претпладнево по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 5 до 12 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура до 2 степени, а во текот на ноќта истата ќе се спушти на 7 степени под нулата.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Утре ќе има појава на утринска магла по котлините. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот.