Сончево до умерено облачно со температури до 14 степени

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утрово се задржа умерено облачно, само наместа имаше зголемена облачност. Имаше слаб северен ветер, а на повисоките места и на планините ветерот беше слаб до умерен, што предизвика извесно намалување на маглата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево со умерена облачност и со слаб а на повисоките места и на планините со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во наредните денови се очекува стабилно време, наместа со ниски утрински температури. Преку денот ќе има затоплување, особено од петок и за време на викендот кога дневните температури на повеќето места ќе достигнуваат до и над околу 17 степени Целзиусови.