Сончево до умерено облачно, со попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне на места со пороен дожд и грмежи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 23 степени целзиусови. Во изминатите 24 часа на подрачјето на Куманово наврнале 5 литри дожд на метар квадратен.

Како што додаваат од УХМР, и утре ќе се задржи променливо и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите. Локално во попладневните часови ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Leave a Reply