Сончево до умерено облачно, од следната среда пад на температурите за 10 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умеренa облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла, во текот на денот ќе се расее. Минималните температури ќе се движат од 6 до 12, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 24 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 19 степени.

В среда ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд.

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува и в четврток, кога се очекуваат и нешто пообилни врнежи, особено во јужните делови.

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од среда попладне ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите за 7 до 10 степени.