Сончев ден со умерен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Недела ќе биде сончева и потопла од сабота. Повторно долж повардарие ќе дува умерен северен ветер.

Loading...

Највисоката дневна температура ќе има вредност околу 35°С и тоа во југоисточниот крај. Северниот регион очекува топло време, а максималната температура ќе достигне околу 33°С. Пелагонија ќе биде минимално посвежа, околу 31°С, додека охридско-преспанскиот крај очекува максимална околу 28°С.

УВ индекс: 9

УХМР за понеделник најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец..

Попладне во планинските подрачја можен е локален краткотраен пороен дожд.