Сонце и високи температури за викендов

Сподели со своите пријатели

Временските услови кои што се очекуваат за време на викендотќе бидат идеални за прошетка. Според пишувањата на порталот МетеоПро, во стабота и недела не очекува сончево време.

Со посвежа, но пријатна температура ќе биде денешниот ден. Максималната ќе достигне вредности помеѓу 25°С и 28°С во повардарскиот и источниот крај, додека низ котлините во западниот регион дијапазонот на максималната температура ќе биде помеѓу 23°С и 26°С.Недела ќе биде сончева, со сосема мала облачност. Во однос на сабота ќе биде потополо за околу 3°С, што значи дека во југоисточниот крај локално максималната температура ќе има вредности околу 30°С.

Во недела во повардарскиот крај ќе биде малку ветровито. Повремено се очекува умерен југоисточен ветер.

 

Loading...