Солта како алкохолот – штетна за црниот дроб

Сподели со своите пријатели

Едвај има човек кој не знае дека алкохолот штети на црниот дроб. Научниците исто така доволно често нè потсетуваат.

Loading...

Резултатите од новата кинеска студија покажува дека, сепак, не помалку штетна за телото е и солта, пренесе Медикал њуз тудеј.

Изобилството од сол во исхраната се поврзува со зголемен крвен притисок, срцеви проблеми, мозочни удари. Авторите на оваа студија од Универзитетот на Цзинан, Кина, предупредуваат дека омилениот зачин на многумина придонесува и за хепатални нарушувања како кај возрасни така и кај ембриони во процес на развој.

Кинеските професионалци го истражувале потенцијалниот негативен ефект од солта на органот на молекуларно ниво. За целта на истражувањето тие подложиле возрасни глувци на исхрана  која изобилува со сол и поставиле пилешки ембриони во солена средина.

Истражувачите утврдиле дека дополнителното количество натриум од солта е поврзано со голем број на негативни црнодробни промени – клетки со необична форма, зголемен процент на клеточна смрт и намален процент на клеточно делење кои придонесуваат за развојот на фиброза.

Специјалистите откриле уште дека третманот на оштетените клетки со витамин Ц делумно им возвраќа на негативните ефекти од зголеменото количество сол.

Leave a Reply