Сологамија се шири низ светот – Се венчала сама со себе и ги советува другите како да го сторат тоа

Сподели со своите пријатели

Последните неколку години во САД доаѓа до пораст на појавата која се нарекува самовенчавка. А тоа всушност е посветеност на длабока, значајна врска само со самиот себе.

Сологамија, како самовенчавката инаку е позната, иако никаде официјално не е признаена, претставува тренд во проаст во последните години.

Доминик од Калифорнија, оја во 2011 година се венча самата со себе, води интернет сајт наменет за организирање церемонии на венчавки за луѓе кои одлучиле да дадат завет на самите себеси. Таа има 22 години и на самовенчавка се одлучила по „повеќегодишно практикување на самољубов“, Како исмбол на својот завет носи прстен во носот.

До сега имала околу 250 клиенти, на кои им организирала венчавка, како реално, така и виртуелно преку интернет. Десетнеделната програма за подготовки за церемонијата кои ги држи на клиентите ги наплаќа 200 долари. Доминик им дава совети за се, од тоа како да воспсотават длабока врска со самите себе, па до детали поврзани со церемонијата на венчавката.

Самите церемонии не се разликуваат многу од традиционалните венчавки, со тоа што некои луѓе одлучуваат да се венчаат сами, како што таа сторила, додека другите прават венчавки на кои повикуваат гости, рдонини и членови на семејството.

Трендот на сологамија првенствено ги зафати жените, но Доминик направила и неколку за мажи. Таа наведува дека четири основни компоненти на самовенчавката се многу важни: да станете свој љубовник, односно љубовничка и пријател/ка, да се поврзете со својата длабока цел и да и се посветите, да ги обедините сите аспекти на самито себе, дури ионие кои се контрадикторни едни на други и да ги хармонизирате сите свои надворешни односи и околности.

Сепак, сологамистите често се среќаваат со подсмев и цинични коментари. Доминик и самата признава дека наидува на негативни реакции, како и дека многумина мислат дека е луда.

– Многу луѓе го критикуваат замовенчавањето, затоа што тие не разбираат во целост, што тоа всушност значи. Тоа за мене не е никаков перформанс, туку прослава и оддавање почест на животот кој сум го посветила на љубов кон самата себе. Тоа е нешто навистина необично и великодушно, вели Доминик истакнувајќи дека различните коментари не ја засегаат и дека луѓето треба да имаат свое мислење.