Солена пустина која се појавува секоја година и потоа исчезнува (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од годината, една од најголемите солени пустини се претвора во огромно, суво, бело подрачје, кое потоа целосно исчезнува.

Loading...

Сместена во регионот Куч, во индиската држава Гуџарат на западната граница со Пакистан, пустината Ран има три сезони.

Кучскиот регион – што на санскрит значи „желка“- е уникатно место, со море од една страна и пустина од друга страна.

Таа територија е поделена на два дела, Големиот Ран – Белата пустина – и Малито Ран со пасишта и живеалишта за птици и животински свет.

Image by Bishnu Sarangi from Pixabay

Голем и Мал Ран опфаќаат 18.000 и 5.000 квадратни милји, соодветно. Заедно, тие ја формираат една од најголемите солени пустини во светот и обезбедуваат 75 проценти од вкупната сол собрана во Индија.

Геолошки, пустината е стара повеќе од 200 милиони години и датира од периодот на Јура и му претходи на тој период.

Loading...

До пред неколку стотици години, поморскиот пат бил тука, но серијата големи земјотреси пред два века во голема мерка ја смениле топографијата во регионот. Земјата се кренала и се формирале низа депресии исполнети со морска вода.

Image by Bishnu Sarangi from Pixabay

Три месеци монсуни, три месеци зима и три месеци лето наизменично се присутни во пустината Ран. Постојат и други месеци кои се комбинација од овие и Индијците ги нарекуваат Панкар.

Секое лето, додека монсуните го преплавуваат Ран, делот со белиот сол исчезнува целосно.

Поради депресијата, пустината се полни со вода секоја година, но таа вода не може да се врати. Затоа, овие депресии имаат големи количини вода што е секогаш солена.

Водата е таму до октомври, кога полека почнува да испарува. Кога се повлекува, земјоделците поставуваат плочи за да соберат кристали на сол.

Од зимата до следниот јуни, кога повторно ќе врне, земјоделците собираат што е можно повеќе кристали сол.

Loading...

Image by Bishnu Sarangi from Pixabay

Плитката вода испарува секоја година, создавајќи солена кора, што предизвикува тој дел да се претвори во снежно бела сол. Ова е причината зошто оваа област се нарекува Бела пустина.

Со векови, наносите на солена вода создале солена пустина.

Покрај уникатниот пејзаж, во пустината има уникатни куќи познати како бунга.

Многу номадски заедници и племиња живеат во овие калливи колиби со конусни покриви.

Во последно време, Ран е голема туристичка атракција, особено во зима, а една од главните атракции е изгрејсонцето или зајдисонцето во надреалниот пејзаж.

фото: Википедија

Leave a Reply