Сок од краставица – решение за многу здравствени проблеми

Сподели со своите пријатели

Сокот од краставицата може да ви помогне при кожни болести како што се егзема и осип,  помага при висок холестерол и крвен притисок, го олеснува варењето на храната…

Сокот од краставица е моќен пијалок кој може да ви помогне многу лесно да ги надминете здравствените проблеми. Доколку имате проблем со егземата, тогаш секој ден пијте по една чаша свежо исцеден сок од краставица.

При воспаление на органите за варење, како и органите за мокрење сокот од краставица е вистинско решение.

Овој сок исто така се препорачува на жените кои се во климакс. Тој ќе ги намали тегобите и ќе го олесни нивното функционирање.