Сојузот на просветни работници со честитка по повод 24ти Мај

Сподели со своите пријатели

Сојузот на просветните работници на Републикам Северна Македонија, на просветни работници и други значајни лица во образовниот систем им го честита двојниот празни 24 Мај-Денот на Светите браќа Кирил и Mетодиј и Денот на просветните работници.

Loading...

На овој ден, со гордост се потесетуваме на епохалното делото на сесловенските просветители, браќата Кирил и Mетодиј, кое има огромно историско, културолошко и просветителско значење во описменување и обединување на словенските и други народи во Европа и Светот. Во деветиот век, преку просветителските мисии и создавање на првата азбука-глаголица, браќа Кирил и Методиј, словенските народи ги внесоа во поцивилизиран културолошки свет во кој се чувствувале порамноправно, при што создавале и се изразувале поавтентично на свој јазик и оставиле траен белег на идните поколенија.

Нивните мисии, проткаени со посветеност, истрајност, хуманост и трудољубивост, се ѕвезда водилка на просветните работници и ги инспирираат да бидат активни и конструктивни чинители во реформските образовни процеси во нашата Држава.

Една од придобивките на солунските браќа Кирили Методиј, вградување на потребата за учење и унапредување на способностите и знаењата и понатаму нека служат како поттик на просветните работници за континуирана надградба на потенцијатите, а во својата дејност, да креираат и пренесуваат апликативни и интегрирани знаења од повеќе научни дисциплини на идните поколенија водени од основните граѓански вредности-еднаквост, инклузивност, мултикултурност и недискриминативност со цел ефективно справување со совренмените предизвиците во Европа и Светот за подобра иднина на сите.

Ние, просветните работници со својата посветеност и одговорност да бидеме и понатаму, прогресивната сила во унапредувањ на образовнието бидејќи
„Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот.“ – Нелсон Мандела.

Интегрално соопштение: Сојуз на просветните работници

Leave a Reply