08.01.2019 12:30

Сојузот на борци ќе одбележи 75 години од Битката кај Пелинце


Сојузот на борци од град Куманово во петок со положување свежо цвеќе на споменикот во Пелинце ќе одбележи 75 години од борбата кај истоименото село.

Од сојузот ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од оваа свеченост да се пријават во просториите на поранешен Комитет во следните два дена за обезбедениот бесплатен превоз.

– Превозот е обезбеден од страна на Сојузот на борци со почеток во 10 часот, автобусот ќе тргне од пред Комитет, а манифестацијата ќе биде во селото Пелинце во 11 часот. Сакам да напоменам дека ова е традиционално одбележување на нашите историски настани и личности од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија, на која покрај Сојузот на борци присуствуваат и општините Старо Нагоричане и Општина Куманово, како и други институции како што е детската градинка „Ангел Шајче“ која го носи името на еден од загинатите борци во оваа борба, изјави Цоки Ристевски од Сојузот на борци.

Битката била водена помеѓу кумановскиот баталјон „Јордан Николов – Орце“ и бугарскиот одред „Бенковски“, кога загинелe борците Ангел Лазаревски – Шајче и Трифун Ангеловски – Летеќи.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments