Социјалдемократите упатија последен поздрав до својата сопартијка (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Тага, солзи и тишина ја исполнија денеска салата во поранешен Комитет, каде кумановските социјалдемократи упатија последен поздрав до својата сопартијка Жаклина Божиновска која трагично го загуби животот во сабота навечер во поплавата на скопската обиколница.

 

Loading...

DSC_0041

 

Пријателите, соработниците, сопартијците, градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставници на локалната самоуправа, невладини организации испратија порака за вечно сеќавање на споменот на Божиновска, но и длабоко сочувство до нејзиното семејство.

Секогаш покажуваше голем ентузијазам, енергичност и оптимизам. Во контактите со сите нас, а и со граѓаните беше непосредна, весела со широка насмевка и желба за дружење. Со неверојатен оптимизам им приоѓаше на непредвидливите ситуации и со нетрпение учествуваше во нивното разрешување. Ја сакаше вистината, еднаквоста, правдата и впрочем сите оние начела за кои што се залага Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Почитуваше секого и беше почитувана од сите. На секоја активност беше со својот фотографски апарат и со многу љубов и креативност ги овековечуваше нашите хуманитарни акции, панел дискусии, посетите во Скопје и протестните маршеви – рече во своето обраќање Марина Алексовска, претседател на Регионалниот форум на жени од втората изборна единица.

DSC_0042

 

Жаклина Божиновска е родена на 1 октомври 1973 година во Куманово, каде и го завршува своето образование. Беше вработена во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и член на Општинската организација на СДСМ од Куманово, а беше и координатор на Форумот на жени на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

 

DSC_0044

 

Loading...

Божиновска ќе биде погребана денес на градските гробишта во Куманово во 15 часот.