Собранието се самораспушти, но без опозицијата

Сподели со своите пријатели

Со зборови за благодарност претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски им се заблагодари на пратениците за соработка и официјално констатираше дека оваа институција се самораспушти.

Колегите пратеници со аплауз го поздравија ваквото постапување на Вељановски, но опозицијата не беше присутна во салата.

Благодарам за вашата соработка и што бевте дел од овој парламентарен состав, горд сум на успесите што ги постигнавте, и ви посакувам во да придонесуваме за стабилна иднина – рече Трајко Вељановски.

На распуштањето на Собранието присуствуваше координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери, координаторот на пратеничката група Имер Алиу, како и независните пратенички. Оставките на министрите на СДСМ и дополнителните заменици не беа констатирани, по што СДСМ бараше закажување итна седница за констатирање на истите.