Собранието расправа за пролонгирање на изградбата на Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

Сподели со своите пријатели

Собранието вечерва ја продолжи расправата за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по итна постапка.

За пратениците од опозицијата, кои дел се изјаснија дека ќе гласаат за предлог измените, законот се носи со задоцнување бидејќи, според нив ова се прави само за манипулации од власта за политички поени.

Според Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ во анексот на договорот наведени се тековни работи кои не се крупни, односно само ситни пропусти. Тој праша зошто требаше да се чека три месеци да дојде до овие законски измени.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски рече дека автопатот Кичево -Охрид е пример на криминал и дека тоа треба друг да го докажува и уште еднаш праша зошто до сега се пробиени роковите за изградба на патиштата кои дел од нив требало да бидат готови на 1 мај оваа година. Потенцираше дека тој не ја кочи изградбата и дека пропусти имало и кај двата автопати. Наприотив, додаде, ние сега ги исправаме грешките на претходната власт и затоа се потребни овие измени и дополнувања.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ може да направи и прави штети, а тоа го прави најмногу во економскиот дел. Тоа, според него, се гледеа со падот на БДП, странските инвестиции,…Димовски обвини дека патиштата биле намерно стопирани од оваа Влада.

Министерот Сугаревски уште еднаш повтори дека ниту еден проект од негова страна не е стопиран и според него проектот на автпатот Кичево-Охрид е правен во зградата на ВМРО-ДПМНЕ бидејжи, како што рече, има огромно промашување.

Извор: МИА / фото: Анадолија

Loading...