Собранието повторно им сврте грб на стечајните работници

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Македонија повторно не го усвои Предлог законот на опозицијата со кој беше предвидено околу 4.000 стечајци да добијат обештетување.

Според законските одредби за стачајците требаше да се обезбедат по 100 евра месечно се додека не добијат пензија и со нив би биле опфатени лицата со стаж од 15 години.

Стечајците во повеќе наврати ги повикуваа пратениците да заборават на партиските влијанија, а следно што најавуваат се улични протести, блокади на институциите и штрајк со глад.

Ова е значи трагедија за една земја како Македонија да секаде се фрлаат пари за прометееви гаќи, на споменици, на статуетки, на шмизли, на огради, на владини фасади, само нема пари за оваа категорија измачени изработени граѓани кои едно време ја градеа оваа држава. Стечајците во овие срудени денови немаа ни дрва, некои немаа ни леб, секој ден по здруженија се собираат пари некој да купи леб или лекови – изјави Лилјана Георгиевска.

Со предложените законски одредби би било решено прашањето на околу 4.000 граѓани кои без работа останале откако фирмите во кои работеле биле ликвидирани, заминале во стечај или технолошки вишок во претпријатијата во кои работеле.

Во собранието на оваа тема копјата се кршеа меѓу власта и опозицијата, како и при секоја дебата на оваа тема.