Соба на бес за сузбивање стрес (видео)

Сподели со своите пријатели

Кога се изнервирани толку за да посакаат да искршат се околу себе, Полјаците можат да се ослободат од насобраната фрустрација со кршење на предмети во посебна соба, каде половина час можат да уништат се што се наоѓа во неа – телевизор, апарати или мебел.

Loading...

Здислав Хофман им понудил на жителите на тој дел од градот на југот на Полска за 37,5 евра да добијат половина час со бејзбол палица или чекан, кацига за глава и да се перпуштат на гневот, кршејќи било што од предметите и мебелот кој се наоѓа во „бесната соба“.

Во „собата на бесот“ се наоѓаат апарати, телевизори, радио, компјутери и мебел, а Полјаците можат кога ќе се ослободат од стресот, потоа смирени да помогнат во средувањето на собата и да ја спремат за нови корисници.

Сега, пред парламентарните избори во зовриена предизборна кампања на полските политички партии, огорчени од дебатите за бегалската криза, „собата на бесто“ стана за кратко време една од атракциите во оваа држава, па така сопственикот бара кој има слободно да донесе и свои стари предмети.