Со звуци на сирени Србија одбележа 19 години од НАТО бомбардирањето

Сподели со своите пријатели

Србија со државна церемонија во Алексинац одбележа 19 години од НАТО бомбардирањето, а на манифестацијата присуствувале претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, членови на владата, парламентот, претседателот на Република Српска Милорад Додик и голем број граѓани.

Според неофицијалните проценки на церемонијата присуствувале неколку илјади граѓани, јавува телевизијата „N1“.

Манифестацијата започнала во 20 часот со звуци на сирени и гаснење на светлото во градот. Голем број насобрани тогаш запалиле свеќи во знак на сеќавање на жртвите од НАТО агресијата, јавува репортерката на N1.

Српскиот град Алексинац беше наречен „српска Хирошима“ затоа што два пати бил бомбардиран и во двата наврати страдале исклучиво цивили. На п. април биле погодени две улици во центарот на градот, кога загинале 11 лица, а уште еден напад е извршен во мај кога исто така имало цивилни жртви.

На 700 станбени објекти на овој мал град биле срушени во тие напади, а како причина се наведувала техничка грешка.

Leave a Reply