Со зурли и тапани коледарите го одбележаа Бадник (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со зурли и тапани, звукот на трубата и греена ракија, членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Бадник.

И покрај лошите временски услови голем број на граѓани излегоа да го прослават големиот христијански празник. Од пред центарот за култура со музика се упатија кон Соборниот храм „Св. Никола“, каде е кршена погачата со златна паричка, а оној кој ќе ја пронајде ќе биде прогласен за водич на здружението во текот на 2016 година.

Со традиционалната прослава по 16-ти пат здружението го прослави најавувањето на христовото раѓање, а годинава нема да има индивидуален кум, туку целото членство ќе ја добие таа улога.

Има од широка популација од две три години до повозрасните граѓани. ова што го организиравме пред 16 години се гледа дека е успешно, луѓето чувствуваат потреба и доаѓаат традиционално преку ден да го осетат празникот христово раѓање – изјави Мирослав Доневски, претседател на здружението „Коледари“.

На денешната прослава беа поделени и бадниковит егранчиња, кои во недела здружението ги набра во месноста Забел каде што свештено лице ги благослови истите.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”284″]