Со зголемениот број вакцинирани Американци, расте продажбата на кондоми

Сподели со своите пријатели

Бидејќи стапката на вакцинација во САД продолжува да расте, Американците со нетрпение го очекуваат „жешкото лето“ желни да излезат и да се дружат на многу поинтимен начин, што веќе се рефлектираше во вртоглавиот раст на продажбата на кондоми.

Loading...

Според истражувањето спроведено од компанијата ИРИ, продажбата на кондоми во САД се зголемила за 23,4 проценти за само четири недели, од крајот на март до почетокот на април, што било потврдено од компаниите за кондоми.

 

 

Сепак, трендот на раст не е забележан само кога станува збор за кондомите.

Компанијата „Скин“, која произведува кондоми и сексуални помагала, спровела истражување за интимниот живот на Американците и открила дека 39 проценти од испитаниците во 2021 година ја зголемиле својата сексуална активност во споредба со минатата година.

За многумина, ова не беше изненадувачко откритие бидејќи во обид да се заштитат од инфекции, многу осмаеници поминаа повеќе од една година изолирани без никакви интимни врски и контакти.

Loading...

 

 

Според порталот match.com, 71 процент од самците немале сексуални односи од почетокот на пандемијата.

Брита Бомхард, директор за маркетинг на компанијата „Church & Dwight“ за производство на кондоми, во изјава за Си-Ен-Ен, истакна дека „Младите на возраст од 18 до 24 години едвај чекаат да си го повратат социјалниот живот“.

Leave a Reply