Со заштитни маски и дистанца започна учебната година за првачињата во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со заштитни маски и одржување дистанца, мерење температура на влезот од училиштето, ова се дел од мерките под кои денеска започна наставата со физичко присуство за учениците од прво до трето одделение во Куманово.

Loading...

 

 

Го немаше големиот прием со приредба пред ООУ „Крсте Мисирков“, но сепак првачињата  свечено беа поздравени, а за почеток на наставата од учителките добија подарок балони.

– Навидум интересна и специфична година започнува, различна по тоа што примавме ученици на први септември, сега сме први октомври, и навикнати бевме на еден друг призор кога ќе излеземе тука да видиме многу ученици, многу првачиња, многу родители и пријатели, меѓутоа Ковид-19 вирусот го направи своето, да мора да се придржуваме до тоа. Ова е нов образовен систем, систем кој ќе биде застапен во два модели, физичко присуство со почитување на протоколите и онлајн настава, секако по избор на родител, а од трето до деветто одделение со онлајн настава, изјави директорот Александар Јовановиќ.

 

Loading...

 

Дел од учениците денеска ги поздрави и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој се наврати на времето кога и самиот бил основец и им кажа песничка на учениците која тогаш ја учел.

– Невообичаена глетка. Вообичаено е да не има многу, но јас со некои од вашите родители се знам, првата работа која што ја научивме беше песничката што не учеше учителката. Сакам и вие да бидете вредни, да учите и еден ден од вас да излезат нови советници, градоначалници, општествени дејци и секако интелектуалци. Ќе се навикнеме на ковид мерките, но мора и да ја победиме короната за да се види детскиот џагор во и пред училиштето и се надевам дека заедно, дисциплинирано ќе ги пребродиме овие тешки моменти, рече градоначалникот Димитриевски во своето обраќање.

 

 

Во Куманово денеска започнува учебната 2020/2021 за 1.143 првачиња, како и за 1.152 ученици во прва година средно училиште.

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply