Со закана со пиштол кумановец украл такси возило

Сподели со своите пријатели

На 24.12.2016 година околу 20,00 часот во Куманово на ул.„11-ти Октомври“, додека М.Х. (52) од Куманово, бил паркиран и чекал патници со такси возило, во истото влегло непознато лице кое побарало да го превезе кон с.Проевце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Кога пристигнале на излезот од селото, лицето извадило пиштол и заканувајќи му се му рекло на М.Х. да излезе надвор од возилото, по што го одзел возилото и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.