Со возило барано од Интерпол се обидел да премине на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

На 30.11.2018 година во 18.30 часот на Граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило „Опел астра“ со босански национални ознаки, управувано од A.E.(47) од Босна и Херцеговина, било констатирано дека возилото е предмет на потрага на Интерпол Сараево.

Како што информираат од полицијата, А.Е. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, додека возилото било одземено.

Leave a Reply