Со три возила се гаснел пожар во камион со сено во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три возила на Територијалната противпожарна единица вчера интервенирале во гаснење на опожарен камион со сено во селото Доброшане во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, сеното во приколката на камионот се запалило и околу 21:10 часот на терен изглегле седум пожарникари. Акцијата за гаснење траела дури до 00:50 часот.

Причината за пожарот, како и висинатана материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, велат од РЦУК.

Никола Ивановски

Leave a Reply