18.05.2018 13:49

Со танц кумановските матуранти означија крај на средношколските денови (ФОТО)


Со матурски бал на градскиот плоштад стотина средношколци од Куманово денеска го означија крајот на своето образование.

 

 

Точно во 12 часот настанот се одржа истовремено во повеќе европски држави со однапред подготвена сценографија.

 

 

Организатори на манифестацијата беа Општина Куманово и Советот, Фондацијата за култура и спорт и Секторот за образование.

 

 

Разиграни и насмеани, матурантите ставија крај на едно значајно поглавје во нивните животи. Образованието ќе го продолжат понатаму, но поголемиот дел од нив се уште немаат одлучено каде. Најважно за нив е што средното образование ќе го паметат само по најубавите работи.

– Прекрасни моменти во училиште, сепак тоа е нешто што не исполнува сите нас и знаеме дека еден ден сето ова ќе ни фали. Поголемиот дел од нас секако дека ќе продолжат  со студирањето, за избирање на нешто што можеби не го сакаме, но со што ќе можем да просперираме денеска кај нас, изјави Ана Љубиќ.

 

 

– Ќе го паметам по тоа што многу добро се забавувавме, се беше добро и во најдобар ред. Секако дека планирам да продолжам со факултет понатаму, но се уште немам одлучено во која насока сакам да одам, вели Енис Далиповски.

 

 

Рамо до рамо со матурантите од Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска танцуваше и нивната наставничка по англиски јазик Афродита Белазанска. Зад себе остава уште една генерација млади луѓе кои допрва ќе чекорат по животните патеки. Вели дека сите матуранти имаат свои позитивноси. Денешниот бал ја наврати во времето кога и самата била матурант.

– Секоја година ми се повторува и секако дека се навраќам на тие денови кои се најубави во живот на секоја единка, секоја индивидуа и најубаво е тогаш кога си меѓу младите, а особено кога се дружиме, кога ги вежбаме танцовите, а најубавокога тука ќе дојдеме и ќе го покажеме тоа пред сите дека трудот кој сме го вложиле се исплати, вели наставничката Белазанска.

 

 

Освен со матурскиот бал, средношколците од завршните години на средното образование од Куманово, деновиве активно ги прославуваат матурите, па угостителските објекти се преполни и дење и ноќе, а забавите минуваат во најдобар ред.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments