Со свој брод, брачен пар спасува мигранти од давење во Медитеранот (видео)

Сподели со своите пријатели

Кристофер и Реџина Катрамбоне, брачна двојка која стекнала пари од осигурување и здравствена заштита, донеле одлука своите милиони да ги трошат на нешто што навистина предизвикува внимание.

Loading...

И додека политичките лидери се расправаат за тоа што може да направи во врска со надминување на проблемот од наплив на мигранти по Медитеранот во обид да стасаат до Европа, богатиот пар купил брод за спасување на мигрантите од давење.

Хуманиот пар за таа намена одвоил триста илјади фунти и набавил 13 метри долг поранешен рибарски брод ”Феникс”, вложувајќи минимум уште толку за да направат мобилна амбуланта за прва помош.

Досега, со помош на нивниот брод, на Медитеранот се спасени повеќе од 3.000 мигранти. Нивната опрема вклучува високо технолошки радари, опреми за спасување, вклучувајќи две летала познати како дронови.

За потребите на амбулантата, двојката вработила тим од искусни спасувачи, доктори и медицински сестри. Бродот Феникс започна со работа во август минатата година, а само шест дена подоцна изврши голема мисија на спасување на мигранти кои се давеле во Медитеранот.

Досега, како што раскажуваат, заедно со целиот тим, спасиле многу мигранти кои бегаат од конфликтот во Газа, мигранти од Сирија, Сомалија и Еритреја.

 

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *