Со супербрз воз од Хонг Конг до Кина за 14 минути (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Изградбата на супербрзиот воз траела повеќе од осум години, а чинел десет милијарди долари.

Линијата на супербрзиот воз кој сообрќаа кон континенталниот дел на Кина отворена е во сабота во Хонг Конг, со што патувањето кое траело еден час е скратено на 14 минути.

Овој нов систем направен е така што на дневно ниво ќе овозможува превоз на 80.000 патници од финансискиот центар на Азија, кој брои околу седум милиони луѓе, до средиштето на производството, провинцијата Гуангдонг.

Зошто јапонските возови лаат?

Loading...

Како што пренесува АП, рутата на возот е долга 26 километри, а оди од Хонг Конг до Шензхен.

Патувајќи со таа линија, патниците ќе бидат во контакт со кинеската мрежа на брза железница, која сообраќа на 44 места, меѓу кои и Шангај, Пекинг и запдниот град Сиан.

Проектот го следат и контроверзии, затоа што законодавците во Хонг Конг донеле закон со кој дозволуваат заеднички пунктови на терминалите.

Патниците од Кина ќе бидат прегледувани на терминалите, а не на административната граница.

Прв пат властите на Кина ќе спроведуваат национални закони на територијата на Хонг Конг.

Ова се најскапите и најубавите возови во светот (видео)

Продемократските групи рпедводат протести и велат дека заедничките пунктови ја поткопуваат автономијата на Хонг Конг, која е воведена врз основа на договор за една земја со два посебни системи, кога територијата е интегрирана во Кина.

Leave a Reply