Со средства против подмрзнување се прскаат јавните површини во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Незначителна снежна покривка се формираше во Куманово од вчера, до денеска и не предизвика проблеми при одвивање на сообраќајот на локалните патни правци.

Loading...

 

 

Вчера, како што информираше градоначалникот, Максим Димитриевски, службите за зимско одржување на улиците беа на терен и распрскуваа средство против заледување на коловозот. Воедно, екипите на ЈП „Чистота и Зеленило” на градскиот плоштад распрскуваа средство против заледување.

 

 

Loading...

– Екипите на ЈП „Чистота и зеленило” вршат прскање со „ICE MELT” средство против подмрзнување на градските плоштади, тротоарите и други фреквентни места во градот. Средството е неотровно и безбедно за околината, напиша Димитриевски.

 

 

Претходно, надлежните од одделнието за јавни набавки информираа дека општина Куманово одвои 8 милиони 645 илјади денари за зимско одржување на улиците. Сепак, за разлика од претходните, годинава општината ќе ги плаќа средства на претходно завршена услуга.

 

 

Loading...

Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона, појаснуваат од одделението за комунални дејности. При врнежи од снег ќе се чисти по приоритет како и претходните години првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, потоа следува втората зона, ќе се чистат и улиците и населените места по налог. Избраната компанија, велат надлежните поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различна јачина, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер. Фирмата има и доволно количина на сол и ризла.

 

 

Покрај улиците на градот, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово.

 

 

Loading...

 

 

 

Leave a Reply