Со спортски турнири во Куманово се одбележува „11 Октомври“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Со низа спортски активности денеска се одбележува Денот на народното востание на Република Македонија, „11 Октомври“.

Турнири во тенис, пинг-понг и одбојка се манифестациите на кои денеска учествуваат неколку екипи, како од Куманово, така и од другите градови и држави.

Спортските настани се во организација на Општинскиот сојуз на спортови, а како што истакна претседателот Сашо Петрушевски ова е традиција која се негува со години.

– Организирани се низа манифестации, со тоа што веќе во утринските часови е почнат турнирот во пинг понг, исто така сведоци сме на овој настан каде двата тениски клуба организираа натпреварување во тенис, од најмлади категории до сениори, со тоа што имавме оргнаизирано и атлетски митинг на осми, се одржа успешен атлетски митинг каде најмладите и сениорите се натпреваруваа успешно и во 11 часот има организирано турнир во одбојка каде што кумановските одбојкарки кои се освојувачи на куп и државни првенки во Република Македонија ќе организираат заедно со општинскиот сојуз на спортови каде што ќе има четири екипи, вели Петрушевски.

Освен тениските турнири каде покрај двата клубови Тумба и Куманово, организираа повеќе натпревари со гости од Струмица.

 

Loading...

 

Во меѓувреме во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ се одржа меѓународен турнир во пинг понг каде учество зедоа јуниори до 18 години.

– Учествуваат натпреварувачи од три земји, имаме присутно тука на овој турнир 25, што машки, што женски пингпонгари. Ова е трети по ред, од оваа година меѓународен турнир по повод  „11 Октомври“, инаку во ноември месец на 11 ноември тоа ќе биде осми по ред меѓународен турнир, но тоа е за ветерани, а ова е за дечиња, да ги опфатиме сите слоеви, изјави Мики Трендафиловски од Пинг понг клубот Куманово.

Побогата спортска програма, Општинскиот сојуз на спортови, заедно со над 60-те клубови, ќе организира по повод Денот на ослободување на Куманово следниот месец.