„Со спорт против зависности кај младите”

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово заедно со волонтерите од клубот на млади во рамките на проектот ЦКА ПХВ организираше турнир во баскет под мото “Со спорт против зависности кај младите” кој се оджа во спортската сала на економското “Перо Наков”.

Loading...

На турнирот учествуваа 12 екипи од средните и основните училишта од градот а првото место и пехарот го освои екипата од Гимназија “Гоце Делчев” која во финалето беше подобра од екипата на ОУ “Кочо Рацин”.

Од средствата кои беа собрани на турнирот се изработија кош табли и истите се монтираат на места во градот кај што недостасуваат и има најголема потреба.

Црвен крст Куманово со организација на овој настан дава јасна порака за борба против зависности кај младите, ставајќи акцент на спортот и здравите навики кај младите.

Loading...

Leave a Reply