Со посета на џамија во Табановце, министерот за култура ја започнува посетата на Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска своето попладне ќе го мине во посета на Куманово, со цел да се запознае со културното богатство на градот.

Loading...

Како што информираат вработените од кумановскиот музеј, кои денеска ќе бидат негови домаќини, посетата на министерот Исмаили започнува во Табановце, каде ќе ја посети тамошната џамија околу 14 часот.

Потоа следува посета на Карпошовата куќа, а во 19:30 часот ќе присуствува на изложба во Градската галерија, каде е предвидена и изјава за медиумите.

Официјалната посета на градот е во пресрет на 500-годишнината од формирањето на Куманово, а целта е министерот Хусни Исмаили да се запознае со културното наследство и во која насока Министерството за култура може да помогне со цел да се зачуваат спомениците од културата.

Leave a Reply