Со помош на ТикТок тинејџер помогнал да се спаси момче одалечено 1.200км од него

Сподели со своите пријатели

13-годишниот Каден Котнуар од у Хемпшир гледал видео на Трент Џарет од Западна Вирџинија во живо на ТикТок. 12-годишното момче возело квад и нешто одеднаш му станало чудно на Каден, пренесува WMUR-TV.

Loading...

„Одеднаш сликата исчезна, се виде блесок на светлина и слушнав како вика за помош“, рече Каден.

Трент започнал да го диктира телефонскиот број.

„Во тој момент, можев да се сетам само на телефонскиот број на баба и дедо“, раскажа подоцна Трент.

 

 

Каден веднаш го повикал бројот, а Трент го пронашле неговите родители дваесетина минути подоцна. Тој паднал од возилото и останал заробен под него. Бил цел со посекотини и модринки.

Loading...

„Тоа беше велигденско чудо“, рече очувот на Каден.

Каден го следел Трент на ТикТок затоа што тие имале интерес за лов и риболов.

Двајцата ги делат 1287 километри, па се состанаат на Зум во понеделникот за да му се заблагодарат што му го спасил животот.

Leave a Reply