Со помош на апликација – дознај кој ти буричка по мобилниот

Сподели со своите пријатели

Паметните телефони станаа централен дел од нашиот живот. Во нив ни се наоѓа буквално се, од телефонски контакти и слики, преку апликации за социјални мрежи , до сервиси за размена на кратки пораки ( Вибер , WhatsApp ).

Loading...

На сите ни е кристално јасно дека во нашите телефони се наоѓаат големи количини на чувствителни инфромации кои не би сакале да бидат општопознати.

1

Од тие причини, нашите паметни телефони се честа цел на нашите партнери, сопружници или колеги кои често сакаат да го пикнат носот кај не треба. Затоа, ако имате било каков сомнеж дека некој ви буричка по смартфонот, инсталирајте си апликација  Lockwatch

Откако ќе завршите со инсталацијата, ќе добиете известување да креирате лозинка (броеви или црти) , и да оставите своја е-маил адреса. Откако ќе го завршите процесот на инсталација, секоја пат кога некој ќе се обиде да ви го отклучи телефонот, освен што нема да успее, предната камера ќе направи снимка од таа личност, и сликата ќе ви биде испратена на мејл адресата која претходно ја оставивте.

Истотака , доколку ви го украдат мобилниот, на основа на слики и ГПС Локација (која мора да ја активирате), без проблем ќе го најдете не само телефонот туку и драстично ќе ја олесните работата на полицијата.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *