Со положување свежо цвеќе одбележан „11 Октомври“ на Спомен Костурница (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе денеска на Спомен Костурница во Куманово, најмасновно до сега, беше одбележан Денот на востанието „11 Октомври“ во присуство на локалната самоуправа, министри, претставници на Владата на Република Македонија, Собранието и кабинетот на претседателот. 

 

Loading...

 

Со своето поздравно обраќање градоначалникот на Зоран Дамјановски се осврна на минатото и борбата за слободна Македонија и со порака на иднината.

– По завршување на Втората светска војна и со победа на фашизмот, Македонија зачекори во период на развој и растеж. Како држава во рамките на федеративното уредување на југословенската заедница ги разви своите национални институции, образованието, културата, науката и другите сфери на општеството. Во втората историска фаза што следуваше по распаѓањето на југословенската фендерација од 1991 година Македонија стана самостојна држава каква што е и денес. Во оваа фаза покрај сложениот период на транзиција на стопанскиот и општествениот систем, се уште се соочува со ризици од нерешниот пат кон демократијата и интеграциите кон Европа и НАТО. За слободата која денеска ја имаме паднаа многу жртви, нивните имиња се вржеани на овие плочи на спомен Костурница и се тука како вечен спомен на кумановскиот и македонскиот непокор кој сведочи за едно славно време. Нашата денешна заложба е пак да се сочува плодот на нивната борба, да се зачува мирот и стабилноста, слободата и рамноправноста, стремеж за секогаш подобро утре. Тоа е нашиот долг кон жртвите на нашиот наорд и не обврзува на новите генерации да им го јакнеме сознанието дека својата подобра иднина може да ја градат преку труд знаење, почитување на вистинските вредности и посветеност кон духот на слободата, рече Дамјановски.

Свеченоста беше збогатена и со литературно читање на ученици од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, а лошото време не ги спречи граѓаните да дојдат и да им положат свежо цвеќе на оние кои се бореле за слободна Македонија.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...