Со песна од Тоше, малата кумановка на чекор до финале во „Пинкови ѕвездички“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Малечката ѕвездичка Драгана Јовановска од Куманово е првата Македонка која го помина седмиот круг од српското талент шоу “Пинк Ѕвездички”. Во најновата емисија, емитувана вчеравечер во земјите низ регионот, Драгана ја отпеа легендарната “Во коси да ти спијам” од Тоше Проески, но во преработениот аранжман и верзија од симпатичниот женски кватет “Фрајле”. Нашата ѕвездичка настапи на сцена во придружба на девојките од две денс студија и освен со пеењето, изненади и со играњето.

https://youtu.be/UXQhqJ0keVk

Loading...