Со нож расекол по лице и раце гостин во ресторан во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 19.05 часот во Полициската станица Куманово, С.С.(45) од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15.00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал.

Потоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply