Со неверојатни 39 голови ЖРК Куманово го победи Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово испишаа неверојатна победа откако на домашен терен со разлика од 39 голови го совладаа тимот на Ѓорче Петров овој викенд во рамките на Првата женска лига на Македонија.

Loading...

Кумановки во натпреварот влегоа како фаворити и лесно го совладаа противникот. Дека ќе впишат нови поени во табелата беше познато и во првиот дел од средбата кој заврши со висока преднсот за избраничките на тренерот Ненад Краљевски, односно резултат 28:4.

Вториот дел од играта беше само рутински, бидејќи со предноста од 24 поени на полувреме Куманово веќе беше победник.

Шанса на паркетот имаа сите ракометарки на Куманово кои ја оправдаа својата доверба кај тренерот, со оглед дека сите се запишаа на листата на стрелци.

Извонредна како и секогаш со 11 голови беше Мила Трајковиќ во редовите на Куманово, зад која со шест поени се најде Црногорката Ана Шарановиќ.

Кај ЖРК Ѓорче Петров, со три погодоци најефикасна беше Цветановска.

Со оваа победа Куманово ја зацврсти лидерската позиција во табелата, бидејќи по 10 одиграни натпревари не бележи пораз.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply