Со неверојатна реакција спречи судар при брзина од 210 км/ч (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возачот на Хонда Цивик со голема брзина на автопат се нашол на неколку сантиметри од задниот дел на Голф во инцидент кој можел да има трагични последици.

Loading...

Минатиот месец, Јутјуберот Морти Смит сними видео од потрошувачката на гориво на неговиот Civic додека бил на германски автопат. На видеото се гледа дека тој се движел со брзина до 213 км/ч по делот каде што нема ограничување на брзината, кога почнал да се доближува до редица возила од десната лента.

Јутјуберот првично го поминува комбето без проблем, но црниот VW Golf на десната лента почнува да преминува во крајната лева лента по која се движи Civic. Во дел од секундата колку што возачот на Хонда има на располагање да реагира, тој ги сопира со 207 km/h за да го избегне Golf.

Хонда брзо ја губи брзината и возачот успеа да избегне да удри во Фолксваген за само неколку сантиметри, откако во последен можен момент при сопирање излета на десната лента.