Со надчовечки напори изгаснат пожарот во К’шање

Сподели со своите пријатели

Голем пожар во петок избувнал на потегот на регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе, кај клучката која води кон локалниот пат за село К’шање, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот првин избувнал во 07:00 часот наутро при што гореле нискостеблести растенија и дел од борова шума. Вкупно 13 пожарникари со четири противпожарни возила го изгаснале огнот во 12:00 часот, за да во 13:35 истиот повторно се активира поради жариштата.

Територијалната противпожарна единица Куманово повторно е на терен со шест пожарникари. Според првичните проценки изгорена е вкупна површина од 20 хектари.

Пожарот се активираше поради ветерот и конфигурацијата на теренот, бидејќи на еден дел кој е непристапен, во минатото имало сеча и оставени се гранки од растенија на купови низ кои многу тешко се поминуваше. Попладнево со максимални напори целосно го локализиравме –  изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.