Со над 900 наслови збогатен фондот на кумановската библиотека

Сподели со своите пријатели

Кумановската библиотека набави 2381 книга во три одделни набавки на македонски, англиски, албански и на српски јазик, со што го збогати книжниот фонд, информираа денеска надлежните од установата. Набавките беа извршени во декември, а книгите наскоро ќе бидат достапни за читателите од Куманово.

Loading...

– Набавивме 917 наслови, претежно белестрика која е доста популарна меѓу читателите. Книгите на англиски јазик веќе се обработени и достапни за читателите. Збогатувањето на книжниот фонд е предуслов за посетеноста на нашата библиотека и секогаш се спроведува во насока на популаризација на книгата, изјави директорката на Библиотеката, Христина Алексовска.

Минатата година библиотеката „Тане Георгиевски“ го збогати книжниот фонд за 5060 книги или 1322 наслови литература на македонски, англиски, српски и албански јазик. Набавките се извршени во соработка со повеќе од 15 издавачки куќи, а набавени се белетристика, стручна литература, лектирни изданија.

– Најбараните наслови кои во моментот се актуелни се набавени и обработени и веќе им се достапни на читателите. Унапредувањето на културата на живеењето го реализира преку поттикнување на читање кај децата од најмали години, развој на креативноста кај младите, поддршка на разноликоста на културите, додава Алексовска.

Во текот на 2020 година зачленети се 1651 член во одделението за возрасни и 1632 члена во одделението за деца, со што библиотеката има над 6000 членови.

– И оваа година ќе се одбиеме да ги следиме светските трендови и да им го понудиме најдоброто и најбараното на нашите читатели, а воедно се обидуваме да им всадиме љубов на најмалите кои ќе станат наши идни читатели, изјави Алексовска.

Leave a Reply