Со месеци не можел да дише, кога отишол на рентген откриле ужас!

Сподели со своите пријатели

Три месеци, еден Кинез имал проблеми со дишењето, а потоа решил да побара помош.

Loading...

Имено, еден човек по име Жанг Бинхенг (30) не можел да дише на носот затоа што ноздрите му биле постојано затнати. Исто така бил загрижен дека од нив се шири непријатниот мирис на гниење, па затоа посетил лекар.

Веднаш бил испратен на снимање ма носната шуплина на рентген каде е забележана сенка со висока густина.

Жанг бил шокиран кога лекарите му рекле дека тоа е веројатно заб што го изгубил пред многу време.

Имено, тој како 10-годишно момче паднал од третиот кат на трговски центар по што му испаднал забот, но не бил пронајден. Се испоставило дека забот е заглавен во носната шуплина, па затоа „испуштил корен“ таму и продолжил да расте.

Д-р Гуо Лонгмеј објасни дека носната празнина не го „отпушта“ забот како страно тело, пренесува Метро.

Забот, кој бил со големина од еден сантиметар, со операција бил отстранет од носот на 30-годишникот и во моментов тој се опоравува.

Оваа појава е ретка кај луѓето, но е можна и се случува кај 0,1 проценти од светската популација.

Loading...

Leave a Reply