Со магијата на шминката оваа Србинка ги помера границите на возможното (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фасцинантни уметнички илузии на шминкерката Мирјана Кика Милошевиќ која пркоси на реалноста на интернет ги имаат гледано скоро 60 милиони луѓе. Таа може да го врзе својот стомак во јазол, да стане невидлива, да изгуби глава, па дури и да се претвори во „зомби невеста“ или дрвена кукла од кутија.

 

Loading...

 

Со своите магии го привлекла и вниманието на ВВС кој направил прилог за уметничката која објаснува што се крие зад нејзините креации.

 

 

– Не е лесно да се направи илузија. Првин ми треба цел ден за да се опуштам, слушам музика и добијам инспирација. Дури утредента се подготвувам, шминка, огледала и започнувам со работа. Некогаш ми требаат два, а некогаш осум или девет часа за да направам илузија, објаснува Мирјана за британските медиуми.

 

Loading...

 

Нејзиното најгледано видео е онаа во кое се врзува во јазол и има дури 11 милиони прегледи.

 

 

– Го сакам тоа што го правам затоа што уживам макар на ден да бидам некој друг. Впрочем, притоа заборавам на луѓето, рекла таа.

 

 

Снимките на Мирјана не се маратонски епизоди со шминкање во детали. Многу се кратки, добро режирани, со музика во позадината, па наизглед транформацијата е уште повпечатлива.

 

Loading...

 

 

Leave a Reply