Со лажна диплома предавал математика во кумановско училиште

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава број против С.З.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378, став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Loading...

Како што информираат од кумановската полиција, пријавениот набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, Република Косово, со која се стекнал со квалификација на степен „професор по математика“.

Дипломата ја употребил како вистинска во општинско основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил Договор за работа и засновал работен однос на определено време.

До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од платите што му биле исплаќани од Буџетот на Р.С. Македонија од 01.12.2011 до 05.05.2017.

Leave a Reply