Со културни настани ќе се одбележи Велигден во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со два културни настани во организација на Секторот и Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово, ќе се одбележат претстојните велигденски празници во градот.

Loading...

Како што информираше денеска на прес конференција раководителот на Фондацијата, Нино Величковски, хорот „Св. Нектариј Битолски“ утревечер со почеток во 19 часто ќе одржи Велигденски концерт во Соборниот храм „Свети Никола“, додека следната недела ќе се одржи и Пролетен џез концерт.

– Во среда во Занаетчискиот дом ќе направиме, односно бендот на Филип Стевановски, еден пролетен концерт на џез музика, во нивна обработка, со нивни џез нумери. Фестивалот ќе започне во 20 часот во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, изјави Величковски.

К како што рече Величковски на денешната прес конференција, на 11ти мај ќе се одржи и традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“.

– Ќе земат учество сите средни и основни училишта од град Куманово, дневните центри за лица со посебни потреби и сите граѓани кои сакаат да бидат дел, можат да се пријават и да бидат дел од Масекнбалот кој ќе се случи на 11ти мај, традиционално на градскиот плоштад, додаде раководителот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски.

Станува збор за манифестации од редовната програма на Фондацијата, а ова е само почеток на низата културни настани кои годинава ќе се случуваат во Куманово, со оглед дека ја доби титулата Град на култура, при што од ресорното министерство на располагање локалната самоуправа ќе има три милиони денари.

Како што вели Величковски тоа не се доволни пари за сите предвидени настани со кои се планира одбележувањето на пет века од постоењето на градот, па дополнителна помош е побарана од Владата.

– Побаравме средства дополнителни, но за тоа потоа, ќе видиме како ќе одвиваат работите, со надеж дека ќе имаме уште средства што ќе ни ги одредат за да ја збогатиме програмата, бидејќи во вториот дел од годината ќе имаме посублимирана односно поконцентрирана програма, што значи од септември, посебно на денот на градот, со два мега концерти, изјави Величковски.

Loading...

Како што информираше Цоки Ристовски од Општина Куманово, предвидени се триесетина културни настани, за чија реализација се побарани 15, а одобрени само три милиони денари од Министерството за култура.

Leave a Reply