Со комедијата ”Идиоти” заврши 15 -тото издание на фестивалот ”Денови на комедија 2015”

Сподели со своите пријатели

 Осумнаесетото издание на „Денови на комедија 2015“ во Куманово ја затвори премиерата на кумановскиот театар „Идиоти“.

Loading...

02 idioti kuman

Станува збор за претстава работена според едночинки од Муза Павлова, во режија на Мирослав Петковиќ и асистент на режија Бојана Краљевска. Претставата буквално ја крена на нозе публиката во преполната сала која час и петнаесет минути уживаше во извонредната актерска игра на екипата на кумановскиот театар, но и во темата на претставата која прикажува случки од нашето секојдневие на кое сите сме сведоци, а ретко кој се обидел тоа да го прикаже од комична страна.

На денот на отварањето на 1 октомври, кумановската публика имаше можност да ја проследи претставата “Нешто пропуштаме“ во изведба на НУ Театар Комедија, Скопје,  преставатата  “Спанаќ со пржени компири“, од Велес, потоа настапот на Продукцијата Видик од Скопје со претставата “Ни ваму, ни таму“, како и претставата“Чолак“ при Драмски Театар Скопје.

Кумановчани ја проследија и претставата“Премиера во сабота“ во изведба на НУЦК Марко Цепенков од Прилеп, претстава на Театар Штип со “Лулка“, претставата на Театар “Талија“ од Тузла, БиХ со претставата “Државни лопов“, додека на 10 октомври беше прикажана претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“ од Евробалкан Институт од Приштина, Косово.

На 15 -тото издание на ”Денови на комедија” гостуваше и Драмскиот куклен театар од Силистра, Бугарија со претставата “Се бара нов сопруг“,  како и НУ Турски театар од Скопје со претставата “Слуга на двајца господари“.

Кумановчани го проследија и настапот на битолскиот театар со претставата Без паника, како и претставата на  НУЦК “Григор Прличев“ со комедијата “Детектор на лаги“.

Саботното и претпоследно издание на 15 -тиот меѓународниот фестивал беше резервирано за домашната театарска сцена и претставата Баунсерс во изведба на Албанска драма при Театар Куманово, додека во истовреме, на сцената во Домот на култура настапи Продукција Призор од Белград, Србија со претставата “Љубовници“.

Loading...

Со претставата и воедно премиера на комедијата ”Идиоти” вчера во Куманово заврши уште едно издание на ”Денови на комедија 2015”.