Со кафе средба кандидатите за градоначалник на Куманово ќе ја почнат кампањата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Петмината кандидати за градоначалник на Општина Куманово со кафе средба во понеделник ќе ја стартуваат изборната кампања. Иницијативата дојде денеска од актуелниот градоначалник и сега веќе независен кандидат за нов мандат Максим Димитриевски, додека се потпишуваше кодексот за фер избори.

Loading...

 

 

Целта на средбата според она што го рече Димитриевски е да најдат одредени локации на кои ќе може да се поставуваат изборни плакати, за да не се лепат постери низ целиот град. Подоцна истите да можат полесно да се отстранат, а градот да остане чист.

– Сведоци сме дека во изборниот процес многу од материјалите, особено плакатирањето е сериозен проблем. Се плакатира на различни места и локации во градот од страна на сите активисти и јас излегов со иницијатива на противкандидатите, која беше гледам прифатена, да се направи едно заедничко пиење на кафе, да поразговараме на самиот ден на почеток на кампања за сите овие проблеми и доколку како штабови доставиме мислење до општината да определи неколку локации во градот, каде ќе се врши плакатирање, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што додаде тој, откако ќе заврши постапката за избори остануваат истите тие плакати на јавни прометни површини, па дури и на приватни објекти и не ги отстранува никој, а голем проблем е истите да се отстранат бидејќи се користат и одредени лепила кои тешко се отстрануваат.

Иницијативата беше прифатена од сите кандидати за градоначалник и во своите изјави рекоа дека ќе присуствуваат на средбата.

– Секако дека ќе ја прифатиме поканата за кафе пиење со сите кандидати за градоначалници, сепак треба да седнеме и да се договориме што е она што ќе го презентираме, што е она што нема да го правиме во текот на кампањата и се надевам дека сите кандидати ќе се придржуваат кон договореното, изјави Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ.

 

 

– Според мене тоа е легитимно и демократски и мислам дека една таква средба ќе биде изненадување и за жителите на Куманово, затоа што мислам дека досега сѐ уште немало, така да би ја прифатила и би седнала на кафе еве со сегашниот градоначалник и кандидатите за градоначалници, изјави Теодора Димитровска кандидат на коалицијата ЛДП и ДОМ.

Loading...

 

 

– Јас со госпидинот Максим Димитриевски се слушнав уште кога беа кандидатурите си честитавме, и на некој начин тоа и го договоривме. Ја прифаќаме таа понуда, тоа ќе биде показател за граѓаните како што рековме дека сите сме кумановци и имаме иста намера, само подобра иднина на Куманово, изјави Тони Михајловски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

– Ја добив поканата, со задоволство ќе се обидам и да бидам конструктивен во таа средба, ми се допаѓа идејата. Тоа е тоа, Куманово виситнски сѐ уште живее, само треба добра идеја и добри луѓе во моментов, изјави кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Салиу.

Loading...

 

 

Сите петмина кандидати денеска во просториите на Општина Куманово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Никола Ивановски