12.07.2019 01:49

Со хеликоптер свештеник ќе врши масовен егзорцизам


Монсињор Рубен Дарио Жарамиљо Монтоја е бискуп од Буенавентуре, најголемиот колумбиски град на пацифичкиот брег со над 300.000 жители.

За спас на тие души бискупот овој викенд ќе врши егзорцизам во целиот град, прскајќи света вода од хеликоптерот, со изговарање молитви со кои би требало да го прочисти градот од демонскат аинвазија.

loading...

Буенавентура, спротивно на своето име „добра среќа“, веќе долго е преплавено со наслини злочини, криумчарења на кокаин и сиромаштво, а титулата најнасилно место во Колубија го има веќе пет години.

Свештеници пренесуваат масовни егзорцизми и ги пренесуваат во живо (ВИДЕО)

Забележано е дека во многу градски квартови доминираат силни криминални групи кои прават разни злосторства, вклучително киднапирања и распарчување на луѓето, четсо се уште живи, како и фрлање на лешеви во морето. Тие криминални групи имаат куќи наменети за парчосување на своите жртви.

Од тогаш состојбата малку се поправила, но во првите пет месеци годинава забележани се 51 убиство, што е 20 убиени повеќе во истиот период минатата година. По случајот на 10-годишно девојче кое е мачено и убиено, бискупот Монтоја се одлучил за масовен егзорцизам.

– Мораме да го истераме ѓаволот од Буенавентура, да видиме дали можеме да го вратиме мирот и спокојот кој нашиот град го изгуби во текот на многу злосторства, корупција и толку зло и криумчарење дрога низ нашето пристаниште, рекол тој за едно локално радио.

За време на егзорцизмот бискупот ќе лета со хеликоптер кој ќе го вози колумбиската војска, а тој несекојдневен ритуал ќе се обавува за време на рпазникот посветен на заштитникот на градот.

Иако егзорцизмот во правило се обавувал врз поединци, папата Лав XIII во 1890 година додал и молитва „егзорцизам против сатаната и паднатите ангели“, наменета за ослободување од демонска зараза.

Минатата година Ватикан одржа егзорцистички курс за свештеници затоа што анводно значително пораснала побарувачката за тој вид услуги ширум светот, барем според тврдењата на меѓународното здружение на егзорцисти кое има околу 200 членови на католички, англиски и православни свештеници.

loading...

Image by David Mark from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments