Со голи раце лови стршлени, не го касаат, но не пробувајте го тоа дома (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Одгледувач на големи азиски стршлени од градот Јибина во кинеската покраина Сечуан објави видео на кинеската платформа за видео преноси во живо, како ракува со тие инсекти кои се познати и под прекарот „убијците на јаков“, пишува Дејли мејл.

– Поздрав на сите. Денес ќе ви покажам фаќање стршлени со гола рака. Феноменално е. Видете? Навистина е феноменално, рекол тој.

Треба да се напомене дека со другата рака ја држи камерата со која го направил видеото.

Ова ќе ве спаси од болката ако ве касне оса, пчела или стршлен

Loading...

Секако, одгледувачот потоа гледачите ги предупредил никако да не се обидуваат да го направат тоа што го виделе во неговата снимка затоа што тоа е „опасна операција“. Прекарот „убиец на јаков“ не се дава лесно.

Можат да имаат боцка од шест милиметри, а самиот стршлен е долг четири и пол сантиметри.

Експертите велат дека одгледувачот можел така да ракува со стршлените затоа што во близина немало кошница, ниту млади.

– Кога стршленот, а особено азискиот, перцепира дека на неговата кошница му се заканува опасност, тогаш станува исклучително агресивен. Ако во близина нема кочница, тогаш стршленот не е агресивен кон човекот, а до убодот најчесто доаѓа или случајно или ако го фатат или ако околу нив се мавта со рацете, објаснува експертот за инсекти Питер Кенеди од Универзитетот Екстер.

– Тој веројатно не прави нешто што инсектите би можеле да го интерпретираат како закана. Имено, често се претерува при проценка на агресивноста на инсектите кои бокаат. Тие ќе ве боцнат само кога тоа е потребно. Трошењето на отровот за нив е многу „скапо“, а постои и можност да бидат повредени или убиени, додава Елин Мос од Факултетот за природни науки при Универзитетот во Њукасл.

Една од снимките на младиот одледувач на стршлени можете да ја погледнете ТУКА, но со предупредување дека тоа може да биде вознемирувачко за оние кои се плашат од инсекти и секако НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА ДОМА!

Leave a Reply