Со годините сексуалната желба кај мажите расте, а кај жените опаѓа, но зошто?

Сподели со своите пријатели

Иако мажите и жените се генетски речиси целосно еднакви, тие неколку проценти нѐ прават различни во текот на животот, вклучувајќи ја и возраста.

Loading...

Како што објаснува американската психијатарка Луан Бризендин во својата книга „Женски мозок“, примарната разлика е во хормоните кои влијаат на нашето доживување на светот и телесните промени, а тоа е особено видливо кај жените во перименопауза и менопауза.

Кај мажите, нивото на тестостерон, хормон кој ја поттикнува сексуалноста кај двата пола, е и до неколку пати поголем отколку кај жените и се намалува побавно.

 

 

Кај жените над триесет, нивото на тестостерон почнува да опаѓа за околу два проценти секоја година. До менопаузата жените губат и до 60 отсто од тестостеронот, што е една од причините поради која многу жени, за разлика од мажите, со текот на годините ја губат желбата за секс.

Но, и тоа, посочува Бризендин, не е цврсто правило, бидејќи многу жени во менопауза се чувствуваат подготвени за нови почетоци, нивните деца растат, веќе немаат толку многу обврски и можат да се посветат, па нивниот сексуален нагон се зајакнува.

Loading...

А покрај хормоните, тука се и познатите хромозоми X и Y. Научните истражувања покажаа дека на пократкиот животен век на мажите влијае и Y хромозомот и повисока стапка на смртност од рак.

 

 

Освен тоа, мажите различно се справуваат со стресот, порано заболуваат од срцеви заболувања и поретко одат на лекар.

А дека жените со текот на годините повеќе се грижат за своето здравје се гледа и на нивната кожа.

Според Меѓународниот институт за кожа, машката кожа е поотпорна на стареење. Тестостеронот дозволува машката кожа да биде 25 проценти подебела од женската. Машката кожа содржи повеќе колаген, има погруба текстура и е навлажнета.

Иако машката кожа постепено старее, жените почесто користат креми за сончање и други производи за нега на кожата.

Loading...