Со години го злоставувала своето момче: Го посипувала со врела вода, сечела и изгладнувала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Алекс Скил (22) и Џордан Ворт (22) се запознале и засакале кога имале по 16 години. Алекс изгубил глава по неа, започнале да се забавуваат, но многу бргу нејзиниот вистински карактер избил на површина.

Loading...

Нивната приказна е само еден од све почестите случаи во кои мажите се жртви на злоставување и за кои од некои причини доста се молчи.

Во документарец на ВВС, Алекс објаснува како Џодран започнала да го контролира, му кажувала каква фризура да носи и кои бои смее да ги облекува. Во желба да ја импресионира, Алекс тие работи не ги сфаќал негативно туку сакал да и се допадне повеќе.

Меѓутоа, кога му ја исекла СИМ картичката и уништила прославата на 18 роденден со роднините, раскинале. Сепак во мај 2014 година, Џордан му се јавила и рекла дека родила нивен син, па се помириле.

Го лажела дека му починал дедото

Алекс набргу сфатил дека Џордан не се променила. Кога се вселиле во куќата во Сари, Џордан му забранила да контактира со семејството. Одела и чекор понаделку па им испраќала пораки во негово име дека ги мрази и дека повеќе не сака да ги види, а во една прилика дури лажела дека дедо му починал. Го пуштила да плаче два часа пред да му каже дека „се шегува“.

Злоставувањето станувало се посериозно, па така Џордан му го одзела паричникот и документите, и не му дозволила да работи ниту да јаде без нејзина дозвола поради што значително ослабнал.

– Телото започна да ми се гаси, раскажува Алекс во документарецот и додал дека по четири години врска започнало и физичкото злоставување.

Loading...

Со чекан го удирала по потколениците и главата, со нож го бодела по рацете и нозете и полевала со врела вода додека спиел. Го удирала со се што и дошло под рака. Еднаш толку го удирала со четката за коса што делумно му скршила заб, а бидејќи не можел на заболекар, Алекс морал сам да го извади.

– Се возевме со кола и делуваше нормално. Одеднаш рече „Тоа е тоа“, извади четка и целосно полуде, раскажал АЛекс кој се надевал дека злоставувањето ќе престане откако во мај 2017 година им се родила и ќерката. Но злоставувањето тогаш станало полошо.

– Врескав, рекол Алекс кога раскажал како го стерала во аголот и посипала со врела вода. Поради тоа морал на операција, но Џордан не го пуштила. Само неколку дена потоа го напднала со нож и му ја исекла раката додека се обидувал да се одбрани.

Среде ноќ го нападнала со нож

– Беше околу 2 часот наутро. Се обидував да ја спречам да оди во бањата, сакаше да ме прободе во главата, раскажува момчето. Соседите повикале полиција, но тој од страв лажел дека сам е виновен за повредите.

Откако го пуштиле од болница, Алекс го посетиле загрижените полицајци. Дури кога дошле во денот, виделе колку е лоша состојбата на 22-годишникот. Бил исцрпен, полн со модринки. Во полицискиот автомобил успеале да го наговорат да прозобри за злоставувањето.

Откако поминал систематски преглед, лекарите му соопштиле дека не би живеел ниту повеќе од 10 дена да не го довеле. Со месеци не јадел нормален оброк, а дијагностикувале и хидроцефалус, насобирање течност во черепот поради удари во главата.

Џордан набргу била приведена и осудена на седум години затвор.

Loading...

– Кога ја приведоа, се чувствував толку слободно, објаснил Алекс кој сега има целосно старателство над децата и поддршка од семејството.

– Лиѓето постојано ме прашуваат зошто не заминав, но тоа е толку комплицирано. Како деновите минуваат, се повеќе тоа го сфаќам, заклучил Алекс.

Leave a Reply